Шеќеринска: Градиме став по предлогот на Груевски
СДСМ гради став по предлогот на Премиерот Никола Груевски, опозицијата или да усвои извештај по своја мерка или во спротивно, ВМРО-ДПМНЕ ќе распише предвремени парламентарни избори.
„Се уште не можам да кажам кога, но сигурно дека ќе излеземе со официјален став на партијата“ вели Шеќеринска во изјава за Телеграф.мк
Лидерот на СДСМ, Зоран Заев денеска изелзе со став дека СДСМ нема да прифати предвремени парламентарни избори доколку во нив не се вметнат препораките на ОБСЕ и ОДИХР. Заев рече дека на „криминални избори“ СДСМ нема да учествува
24.08.2013 - 21:55