Притвор за уште дваца вработени во Македонски пошти - полицијата им најде пари во сеф во возилото
Полицијата при преглед на товарното моторно возило марка „Фолксваген-Кеди“, сопственост на АД „Македонски Пошти“, кое по издадена судска наредба за приведување на пријавениот И.П е пронајдено во дворот од неговата семејна куќа, пронашла сеф-касата во кој имало една запечатена платнена вреќа во која се наоѓале 80.000 денари, односно 80 банкноти во апоени по 1.000 денари.
И.П. постапил несовесно нарушувајќи го безбедното функционирање на поштенскиот сообраќај, безбедноста на поштенските пратки, средства, објекти и луѓе. Во врска со тоа на лицата А.С. и на А.З. од страна на Истражен судија им е одредена мерка притвор во траење од осум дена.
МВР денеска соопшти дека по извршениот преглед во возилото, во присуство на на претставници на АД за поштенски сообраќај „Македонска Пошта“, по усна наредба на Истражниот судија со потврда за привремено одземени предмети парите се одземени, а возилото е запечатено и со специјално возило на МВР по судска наредба на 21.08.2013 година е предадено во Агенцијата за управување со одземен имот во депото во Идризово.
Инаку, се работи за кривичната пријава од 16.08.2013 година, поднесена против А.С., З.Ј., Г.А., И.А., Б.И., Р.Џ., Н.Б., И.П., В.Б. и В.Т. како службени лица вработени во АД за поштенски сообраќај „Македонска Пошта“ во државна сопственост, а во врска со товарното моторно возило марка „Фолксваген-Кеди“, сопственост на АД „Македонски Пошти“, кое возило по издадена судска наредба за приведување на пријавениот И.П е пронајдено во дворот од неговата семејна куќа. По што со судска наредба е одземено и извршен е преглед и негово фотографирање во присуство на претставници од страна на АД „Македонски Пошти“.
По превземени дополнителни мерки и активности за утврдување на дополнителни факти и докази утврдено е дека А.С.(50),А.З.(37) и горенаведениот осмопријавен И.П., на 16.08.2013 година околу 14,00 часот во населбата Карпош извршувајќи размена на вредносна пратка (паричен одвишок) од ЕПМ 1062 Радуша, сториле кривично дело „несовесно работење во службата“.
Имено, на 16.08.2013 година А.С. на работно место конторлор-водител во ЕПМ 1062 Радуша, на А.З. на работно место стручен соработник за безбедност во самостојната служба за безбедност во АД за поштенски сообраќај Македонска Пошта, му пријавил паричен одвишок. Паричниот одвишок А.С. на 16.08.2013 година морал да го изврши со службата за безбедност на АД за поштенски сообраќај Македонска Пошта, размена согласно поштенските прописи. Иако согласно Правилникот за внатрешна организација и систематизација на работни места на вработените во АД за поштенски сообраќај Македонска Пошта , имал обврска да се грижи и да превзема одговорност за вкупното работење во ЕПМ 1062 Радуша, како и работните задачи да ги извршува во согласност со поштенските прописи, А.С. постапил спротивно на член 67 во делот “редослед на размена“ од Правилникот за вршење услуги во поштенскиот сообраќај. А.С. размената на вредносната пратка (паричен одвишок), ја извршил надвор од просторијата на ЕПМ 1062 Радуша и вредносната пратка (паричен одвишок) му ја предал на раководителот на самостојна служба за обезбедување И.П. во н.Карпош со што постапил спротивно на Правилникот за вршење услуги во поштенскиот сообраќај.
А.З. согласно Правилникот за внатрешна организација и систематизација на работни места на вработените во АД Македонска пошта-Скопје, постапил спротивно на описот и пописот на работното место-став 11.
Имено, А.З. во телефонски разговор со А. С., се договорил размената на паричниот одвишок да ја извршат надвор од просториите на Пошта 1062 Радуша, односно неопределно место во град Скопје, а со И.П. во н.Карпош спротивно на член 67 од правилникот за вршење услуги во поштенскиот сообраќај. А.З., морал да му укаже на А.С., дека согласно член 22 од Правилникот за физичко и техничко обезбедување во АД за поштенски сообраќај Македонска Пошта размената на паричниот одвишок мора да се изврши со соодветна придружба од МВР, а во согласност со одлуката на Влада. Врз основа на горенаведенот А.З. постапил несовесно нарушувајќи го безбедното функционирање на поштенскиот сообраќај, безбедноста на поштанските пратки, средствата и луѓето.
Раководителот на самостојна служба за безбедност И.П. согласно неговата надлежност и овластување имал обврска и требал да дава стручна помош и насоки при изработка на планови за безбедносна проценка за заштита на објектите, да ги следи законските и други прописи и да ја спроведува нивната примена за усогласување на плановите од областа за одбрана, заштита и спасувањето на материјалните добра и вработените во друштвото. Истиот извршил размена на вредносна пратка (паричен одвишок) со А.С. надвор од просториите на ЕПМ 1062 Радуша спротивно на член 67 од Правилникот за вршење услуги во поштенскиот сообраќај и согласно член 22 од Правилникот за физичко и техничко обезбедување во АД за поштенски сообраќај Македонска Пошта, како и тоа дека размената на паричниот одвишок мора да се изврши со соодветна придружба од МВР во согласност со одлуката на Влада . Разменетата вредносна пратка (паричен одвишок) И.П. морал да ја достави во службата која ги превзема паричните одвишоци сместена во просториите на Подружница Пошта Скопје-2 лоцирана на ул.„Никола Карев“