Мекејлеб: Сите во тимот сме како браќа
Македонскиот репрезентативец Лестер Бо Мекејлеб во интервју за српскиот „Спортски журнал“ истакнува дека клучна за успесите е атмосферата во тимот.
Тој вели дека од првиот ден кога и се приклучил на репрезентацијата, соиграчите се труделе да не се чуствува како странец.
-Од моментот кога дојдов во Македонија, сите играчи се трудеа да се чувствувам како дома. Заедно најдобро функционираме, со години сме во ист состав и се е одлично. Сите сме како браќа, вели Мекејлеб за „Спортски журнал“.
-Кога луѓето те поддржуваат, се разбира дека тоа влијае на самодовербата. Тоа веќе го почувствував во Партизан. Навивачите секогаш стојат зад тебе и никогаш не можеш да се измориш. Секогаш ќе играш силно, без разлика на името на противникот, вели македонскиот репрезентативец.