Коневски: Во Аеродром џамија нема да има

 

Градоначлникот на Аеродром, Ивица Конески во изјава за весникот Вест вели дека во Аеродром нема да има џамија бидејќи мнозинството од населението е православно а во цела општина живеат само стотина муслимани. Тој денеска го одбил барањето на околу 150 муслимани од Горно Лисиче кои побарале во нивна близина во општината да се изгради џамија, за да не мора верските обреди да ги извршуваат во Батници или на Бит Пазар.
"По ба­ра­ње на жи­те­ли­те, ние ре­а­ги­рав­ме до Оп­шти­на Ае­род­ром и по­ба­рав­ме да ни доз­во­ли да из­гра­ди­ме џа­ми­ја за на­ши­те вер­ни­ци во тој дел. Има­ме и имот, сопс­тве­ност на ИВЗ, на кој ќе мо­же да гра­ди­ме, са­мо че­ка­ме доз­во­ла. Оп­шти­на­та нe од­би со об­раз­ло­же­ние де­ка тре­ба да се соз­да­дат по­себ­ни ус­ло­ви за тоа и да се про­ме­ни Де­тал­ни­от ур­ба­нис­тич­ки план, кој не е во на­ша над­леж­ност. Јас сум за из­град­ба и на црк­ви и на џа­мии, би­деј­ќи тие се гра­дат за вер­ни­ци­те и она­му ка­де што има пот­ре­ба, не­ка се кре­нат. За­се­га ни ос­та­ну­ва да по­че­ка­ме да се соз­да­дат по­доб­ри ус­ло­ви за да се до­го­во­ри­ме со оп­шти­на­ри­те", ве­ли за Вест скоп­ски­от муф­ти­ја Иб­ра­хим Ша­ба­ни.
За градоначлникот на општина Аеродром, Ивица Коески, во оштината нема потреба за изградба на муслимански верски објект.
"Има око­лу сто­ти­на гра­ѓа­ни-мус­ли­ма­ни, но ние ра­бо­ти­ме во служ­ба на гра­ѓа­ни­те, а та­му мно­зинс­тво­то се пра­вос­лав­ни. Тие тре­ба да од­лу­чат да­ли има пот­ре­ба од из­град­ба на дру­ги вер­ски об­јек­ти или не. Ние ќе пос­та­пи­ме ка­ко што ќе ре­шат гра­ѓа­ни­те. Во се­кој слу­чај, не сме про­тив из­град­ба на вер­ски об­јек­ти се­ка­де ка­де што има пот­ре­ба", вели Ко­нев­ски за Вест и додава дека во Деталниот урбанистички план во општината не е предвидена локација за изградба на џамија.
Претходно, Вест напиша дека муслиманите ќе бараат изградба на џамија и во близина на висококатниците кои ги гради Џевари Холдниг на што од општина Аеродром одговорија дека таква можност не постои.