МФ: Буџетот има добра ликвидност и редовно се исплаќаат плати и пензии

 

Од Министерството за финансии денеска информираат дека Буџетот има добра ликвидност и редовно се сервисираат буџетските обврски - исплатата на плати и пензии, обврски кон стопанството по основ на ДДВ и фактурирани работи.

Пред два дена, запрашан за потреба од ребаланс на буџетот, министерот за финансии, Зоран Ставрески, објасни дека ќе почекаат да помине август и потоа ќе се одреди дали има потреба од таков чекор. 

-Ќе почекаме да видиме како ќе помине август и тогаш ќе видиме дали има потреба од какви било корекции. Но, она што е најзначајно е дека во целина реализацијата на Буџетот и на приходите е во рамки на планираното, објасни Ставрески.

Министерот објасни дека Буџетот за 2014 година веќе се изработува.

 

-Веќе ги почнавме подготовките и разговорите со министерствата. Во исто време ќе се работи и на среднорочната рамка односно на индикативните буџети за 2015 и 2016 година, изјави Ставрески пред два дена.

20.08.2013 - 13:52
Фото: 
Фактор

најчитано сега