Си трошеле струја а не платиле ниту денар - ЕВН и МВР во лов на крадците

 

Нови 35 корисници добија пресметки и кривични пријави за неовластено користење на електричната енергија. Екипите на ЕВН Македонија, полицијата и судските вешти лица за првите 18 дена во август открија 22 корисника кои ги манипулирале броилата и 13 кои сами се приклучиле на дистрибутивната мрежа. 

Енергијата која ја трошат корисниците кои самостојно се приклучиле не се евидентира во системот на ЕВН Македонија и тие воопшто не плаќаат за потрошенотo. Притоа,  ова неовластено користење на електричната енергија претставува и кривично дело. По откривањето тие се веднаш исклучени од системот и поднесени им се пресметки и кривични пријави. Вкупната штета која ја направиле крадците изнесува 800 илјади денари или 5,4 милиониkWh 

Полицијата и стручните лица од ЕВН Македонија ги продолжуваат засилените контроли и во наредниот период. Покрај крадците на електричната енергија, ќе се санкционираат и нередовните плаќачи. Непопуларната мерка исклучување од дистрибутивниот систем следува за оние корисници кои имаат неподмирен долг кон ЕВН Македонија, а тужените долгови се предаваат на постапување кај извршителите.

Во првите шест месеци од годинава ЕВН Македонина откри 1200 кражби на електрична енергија, штетата е 2,2 милони евра, државата е оштетена за процентот на ДДВ, крадците украле 20 милони киловатчаса електрична енергија.

19.08.2013 - 16:09

најчитано сега