Веќе не ја фрлајте кората од лубеница - нема да верувате колку е здрава

91% од составот на лубеницата е вода. Тоа значи дека ја има моќта да нè хидрира за време на жештините без додатните калории, бидејќи лубеницата содржи само 30 калории во 100 грама. Исто така, богата е со витамин А и витамин Ц кои позитивно делуваат на нашето здравје, а има и диетални влакна и е одличен извор на калиум, кој го регулира крвниот притисок и работата на срцето…

Но, за среќа надворешната зелена и тврда кора од лубеницата не ги содржи хранливите состојки, туку здравствените бенифиции се наоѓаат во белиот дел помеѓу црвениот и зелениот дел на лубеницата. Секогаш откако ќе го изедете црвениот дел, јадете го и белиот бидејќи тој ја содржи аминокиселината цитрулин.

Оваа аминокиселина помага во опуштање и зголемување на крвните садови со што овозможува одлична циркулација на крвта низ телото.

 

 

 

19.06.2017 - 18:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега