Скршен колк исченици и траума - скопјанец безмилосно претепан во „Теферич“

Ноќеска околу 1 часот по полноќ, скопјанец бил крвнички претепан во кафеаната „Теферич“ лоцирана на улицата .„Сава Ковачевиќ“.

Како што информираат од МВР, 32 годишниот скопјанец Г.В. бил физички нападнат од страна на неколку непознати лица, а потоа бил извлечен надвор каде насилниците продолжиле да го удираат и да го влечат. Откако го претепале, Г.В. успеал да побегне и да се сокрие.

На скопјанецот во скопскиот Ургентен центар му е констатирана тешка телесна повреда, скршен колк и повеќе исеченици по телото.

Полицијата привела две лица кои учествувале во тепачката. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

18.08.2013 - 12:34

најчитано сега