Blizoo оди на продажба

 

Кабелскиот оператор Близу оди на продажба. Шведскиот инвестиционски фонд EQT размислува да се повлече од телекомуникациските пазари во Бугарија и Македонија и да го продаде капиталот во операторот на кабелска телевизија, фиксна телефонија и широкопојасен интерент, Близу, пишуваат бугарските медиуми, објави Алфа ТВ.

Јавниот повик за продажба се очекува да биде објавен овој месец, а потенцијалните понуди најверојатно ќе бидат доставени во септември. Според написот, претставници од бугарскиот дел на Близу, најверојатно веќе одржале прелиминарни разговори со трите поголеми телеком оператори во Бугарија – MobilTel (M-Tel), Cosmo Bulgaria (GloBul) и Vivacom. Засега M-Tel била првата компанија која што искажала интерес за доставување понуда.

Близу е во 99-процентна сопственост на шведскиот приватен инвеститорски фонд EQT. На македонскиот телекомуникациски пазар влезе во 2009-тата со купување Кејб Тел. Двете сестрински компании во Македонија и во Бугарија заеднички опслужуваат 440,000 претплатници, оствариле вкупна продажба од 57 милиони евра во 2012 година, а добивка од 22 милиони евра.

 

Засега нема одговор од канцеларијата на Близу во Скопје околу овие информации.

16.08.2013 - 22:09

најчитано сега