Оса го каснала додека си јадел сендвич - штипјанец за влакно избегна смрт

 

33 годишниот ѕи­дар од Штип, П.К. бил кас­нат од оса за ја­зи­кот до­де­ка си ја­дел сендвич, пишува Вест. Јазикот веднаш му потекол, а за кратко време почнал и да се гуши. Неговите колеги повикале Брза помош, па ѕидарот бил спасен во последен момент, пренесува весникот.

-Се кон­сул­ти­рав­ме со ко­жен ле­кар и вед­наш на па­ци­ен­тот му ја да­дов­ме пот­реб­на­та те­ра­пи­ја. По­тоа го ос­ве­жив­ме и го ос­та­вив­ме по­ло­ви­на час да ле­жи во бр­за­та по­мош, мал­ку да му се ста­би­ли­зи­ра сос­тој­ба­та, изјавила за Вест, де­жур­на­та док­тор­ка од бр­за­та по­мош Ју­ли­ја­на Џам­ба­зо­ва - Таш­ко­ва.

Работникот за Вест раскажал дека додека појадувал забележал дека има осило на куќата на која работел. Тој бил внимателен, но, не забележал дека оса му застанала на сендвичот кој го јадел. Тој каснал еден залак и осата го каснала.

-За миг по­мис­лив де­ка ја­зи­кот и це­ла­та ус­та ми е го­ле­ма кол­ку гла­ва­та, и поч­нав да се ду­шам. То­гаш ко­ле­ги­те по­ви­каа бр­за по­мош ко­ја бр­зо ин­тер­ве­ни­ра­ше и ме спа­си, раскажал ѕидарот за Вест.

најчитано сега