Љубовна драма во Тирана: Тетовчанец ја застрелал девојка си па се самоубил
Во Тирана денеска трагично заврши љубовната врска меѓу двајца млади Албанци од Македонија и од Албанија. Се работи за македонскиот државјанин А. Е. од Тетово кој откако ја застрелал 21-годишната девојка А.С. од Чоровода, и сам си го одзел животот.
Девојката добила лесни повреди и е надвор од животна опасност, додека момчето имало прострелна рана во главата поради што го загубило животот во болница.
Трагедијата се случила во кафетеријата на хотелот по расправија која избила меѓу младата двојка, а мотивот најверојатно била љубомора.
Според албанските медиуми полицијата која веднаш била повикана од гостите во хотелот, дошла со задоцнување.
ФОТО: Сител
15:58