Со пиштол под пазуви тргнал да ограби златара во Сарти - скопјанец уапсен од грчките власти

 

46 годишен вооружен скопјанец, пред два дена се обидел да ограби златарница во туристичкото место Сарти во Грција, пренесуваат грчките медиуми.

Грчките медиуми, повикувајќи се на тамошната полиција, објавуваат дека сопственикот на златарницата не сакал да му дозволи на скопјанецот да си замине со полни џебови, па храбро и со помош на соседите - дуќанџии, успеал да го спречи арамијата.

Кај скопјанецот, пишуваат грчките медиуми, бил пронајден пиштол.

 

најчитано сега