Македонците од САД купуваат карти во првиот ред - голем интерес за првиот меч на Антиќ во НБА
Голем е интересот за првиот меч на македонскиот репрезентативен капитен, Перо Антиќ во дресот на Атланта Хоукс. Иако професионалната сезона АНтиќ ја отвора против Далас, наши читатели од дијаспората велат дека најголема поддршка капитенот ќе има на мечот против Пистонс во Детроит, каде живеат голем број Македонци.
„ На 22 ноември, на мечот против Детроит подготвуваме вистинка фешта на трибините. Овде има голем број Македонци и уште од сега си купуваме карти за во првите редови за да му посакаме добредојде во САД на нашиот капитен“ - вели еден македонски исселеник кој живее во САД.
Но пред стартот на НБА сезоната, пред Перо Антиќ е Европското првенство во кошарка кое ќе се одржи во Словенија, каде македонската јавноста очекува резултати од репрезентацијата која на последното првенство во Литванија заврпи како четврто пласирана