Заработил куршум во грб додека си играл фудбал - залутан проектил ја избезуми Струга

 

Вчера вечерта, залутан куршум ги потресе стружани. Како што дознаваме, околу 22:30 часот, додека се одржувал турнир во мал фудбал во струшкото село Подгорци, во грбот на 40 годишниот Ведат С. завршил заскитан проектил.

Стружанецот заработил тешка повреда и веднаш бил пренесен во струшкиот Медицински центар, од каде подоцна бил пуштен на домашно лекување. Надлежните екипи излегле на терен и се работи на расветлување на случајот.

најчитано сега