Убиец од Скопје шета слободно по улици - избегаа тројца затвореници од Идризово
Избегале тројца затвореници од Идризово, од кои еден одлежувал казна за убиство, објавува Телма.
Едниот од двајцата осудени за двојното убиство кај Злокуќани во 2006 година, скопјанецот Суад Јусуф (41), не се вратил во затвор по отсуството за викенд. Оваа информација за „Телма“ ја потврдил директорот на Идризово, најавувајќи дека ќе биде распишана потерница по тројцата затвореници.