Убиец од Македонија осуден на 18 години затвор во Италија
Mакедонскиот државјанин Раџи Усеини заработи 18 години затворска казна за убиство на Полјакот Павел Лозински кое го извршил на 5. септември 2012 година, во градот Фолињо, објавуваат италијанските медиуми. Според пресудата, Усеини го извршил убиството, бидејќи Лозински претходно бил во љубовна врска со неговата девојка.
Според судот, македонскиот државјанин бил под дејство на дрога кога со шрафцигер му нанел шест убоди на Лозински во стомакот.
Судот утврдил дека Усеини го убил Полјакот, додекабил под дејство на дрога. нанесувајќи му шест убоди со со шрафцигер во стомакот. Инцидентот се случил во неговиот дуќан за поправка на велосипеди. Силната бука која ја предизвикале, ги вознемирило сосдите и тие повикале полиција.
Кога пристигнала полицијата, Лозински лежел мртов, а Усеини бил заклучен во тоалетот, зашеметен од дрогата.
Усеини бил прогласен за виновен за убиство со предумисла, бидејќи истрагата покажала дека му ставил појака доза кокаин во шприцот за да го зашемети и да може полесно да го совлада и убие.
Причина за крвавото убиство, било тоа што дваесетгодишната Италијанка која се забавувала со Усеини, му раскажала дека додека била во врска со Лозински, тој ја терал да се дрогира и ја принудувал на екстремни сексуални перформанси.