Македонските тенисери скокнаа на АТП листата

 

 Македонските тенисери Димитар Грабул и Томислав Јотовски го подобрија својот ранг на денешната нова АТП листа.

Грабул се наоѓа на 651.место со 34 поени, додека Јотовски е на 947.место со вкупно 12 поена. Грабул има скок од четири места, а Јотовски од 232.

Од Македонците пласман на АТП ранг листата имаат уште Шендит Деари - 1.267 место и Стефан Мицов - 1.947 место.

Во ТОП 10 има две промени. Рафаел Надал по триумфот во Монтреал од четвртото се проби на третото место, а во „десетката“ за првпат влезе финалистот од Монтреал Милош Раониќ.

Дестте првопласирани на АТП листата се: Новак Ѓоковиќ, Енди Мареј, Рафаел Надал, Давид Ферер, Рожер Федерер, Томаш Бердих, Хуан Мартин Дел Потро, Жо Вилфред Цонга, Станислав Вавринка и Милош Раониќ. 

најчитано сега