Дваесет баби над 100 години минатиот месец биле на лекар низ Македонија
Проектот Мој термин на министерството за здравство ги откри најстарите луѓе во Македонија. 106 годишна скопјанка е најстариот жител во Македонија која во јули била на лекар, јавува Здравство24. Таа поради нарушена здравствена состојба прво била прегледана во Поликлиниката Чаир, а потоа била препратена на Клиниката за психијатрија. Уште 6 други старици над 100 години минатиот месец биле на лекарски преглед кај специјалист, а на 13 жени кои живеат повеќе од еден век од матичните им била пропишана терапија за хронични заболувања. Најстара меѓу нив е 104 годишна струмичанка. Таа пиела апчиња за притисок и срце. Интетресно е што сите 20 пациентки над 100 години кои биле на лекар и во аптека се жени.
11.08.2013 - 16:25