СДСМ: Се работи на расчистување на штетите од невремето во Центар - имавме добра соработка со Паркови и зеленило
Советниците загрижени за безбедноста на граѓаните на општина Центар, после невремето излегоа на терен за да ги утврдат состојбите и да превземат мерки.
Јас заедно со советникот Ѓошо Вангелов кој е командант на штабот за Цивилна заштита и Нико Николовски од Инспекцијата за домување при општина Центар, утврдивме дека на улиците Митрополит Теодосиј Гологанов, Мито Хаџи Василев Јасмин, Народен фронт, Ѓуро Ѓаковиќ, 50 Дивизија, Пролет, како и пред ТЦ Совија и Народна Банка на РМ, беа паднати дрва кои во голем дел ги попречија движењата на возилата и пешаците низ општина Центар и поклопија автомобили, но за среќа не беа оштетени.
Во текот на вчерашниот ден инспекциските екипи излегоа на терен за да ги утврдат штетите кои настанаа од вчерашното невреме.
Вчера, општина Центар имаше исклучително добра соработка со ЈП Паркови и зеленило, со нивниот директор Душан Авировиќ кој заедно со своите екипи беше на терен. Сите наши информации за штетите направени од вчерашното невреме, од ЈП Паркови и зеленило веднаш биле санирани.
Денеска екипите на ЈП Паркови и зеленило продолжуваат да работат во Градскиот парк, во паркот на Франкофонијата каде што има паднатo огромно дрво и е направена голема штета.
Исто така, екипите од Комуналниот ред при општина Центар и денеска се на терен кои го расчистуваат крупниот отпад предизвикан од вчерашното невреме.
Интегрален текст од изјава на претседателот на општина Центар.