Успешно оперирана македонската ракометна репрезентативка

 

Македонската ракометна репрезентативка, Андреа Белеска, претрпе успешна операција на рамото и за неа сезоната е завршена. Операцијата беше извршена во Љубљана, повредата е успешно санирана и сега Белеска ја очекува процес на рехабилитација.

Според информацијата објавена од нејзниот клуб, романскиот Валчеа, за целосно заздравување на повредата на рамо потребена е рехабилтација од 4-5 месеци, а македонската ракометарка се очекува да се врати на терен на почетокот на следната сезона.

Освен клупските настапи, во периодот на рехабилитрација, Белеска ќе ги пропушти и настапите со македонската репрезентација која во јуни ја очекува баражот со Шведска за пласман на СП 2017 во Германија.

 

 
 
27.01.2017 - 13:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега