Во потонатото „Ауди“ имало уште две лица кои излегле неповредени - што се случило кај Ростуше?

 

Двесет и седумгодишната Линдита. Е.  од Тетово  го загуби животот во сообраќајка што се случила синоќа околу 23 часот, откако автомобилот во кој се возела излетал од регионалниот пат Дебар-Маврово, кај Ростуше, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Со возилото „ауди А4“ управувал Ш.Р. од Тетово, а со него имало уште една сопатничка, која, според досегашните сознанија на полицијата, не е повредена.

СВР Тетово работи на утврдување на причините на несреќата. 

најчитано сега