104 годишна струмичанка е најстариот пациент во аптека

Баба на 104 години од Струмица е најстарата која пие лекови во Македонија, јавува Здравство24. Последен пат пред десетина дена во една струмичка аптека на нејзино име била подигната терапија за срце и притисок. Ова било костатирано со проектот Мој термин од страна на одговорните лица во министерството за здравство. Според информациите на Здравство24 покрај струмичанката минатиот месец со е-рецептот биле регистрирани уште 12 жени над 100 години кои купуваат лекови. Ниту еден маж постар од 100 години не посетил аптека. Инаку дневно се издаваат од 50.000 до 110.000 електронски рецепти.

07.08.2013 - 11:06

најчитано сега