19 капачи спасени од давење во Охридското Езеро
-Од 1-ви јули до сега спасителите на Црвениот крст имале 19 пати успешно интервенирале во случаи на давење, 210 пати укажале прва помош на капачите на охридското крајбрежје, 30 пати интервенирале на струшкиот дел, и извршиле неколку потраги по изгубени деца, пишува Охридњуз.
- За време на празничниот викенд на плажата Орце Николов несовесни родители ги имаа оставено своите деца на возраст од 4 и 5 години. Во вода затекнавме капачи во алкохолизирана состојба, како и двајца капачи под дејство на наркотични средства оддалечени на околу 200 метри од брегот на кои им беше пружена помош, вели Сашо Точков од Црвен крст Охрид за Охридњуз.
Од Црвениот крст најавуваат дека поради зголемениот обем на работа, во употреба ќе пуштат уште еден брз пловен објект за спасување на вода.
Оваа сезона биле регистрирани два случаи на непочитување на ограничувањето на пловидбата на скутери. Управувачите на скутерите заработиле соодветни пријави.