Угостителските услуги поскапени во месец јули

 

Цените на угостителските услуги во јули годинава се повисоки за 0,1 отсто во споредба со минатиот месец, соопшти Државниот завод за статистика.

Зголемување е забележано во групите Храна за 0,2 отсто, Алкохолни пијалоци за 0,4 и Безалкохолни пијалоци за 0,1 отсто.

Цените на угостителските услуги во јули годинава, пак, во однос на истиот месец од претходната година, пораснале за 2,1 отсто.

Во првите шест месеци од годинава се бележи зголемување на цените на угостителските услуги од 1,1 отсто во однос на истиот период од ланската година, додека во однос на декември 2012 година цените пораснале за 0,8 отсто. 

06.08.2013 - 13:10

најчитано сега