ВИДЕО: „Се уште ми доаѓа насмевка но од утре нема да биде така“ - Кире Лазаров за сајтот на Барса зборува шпански
Нашиот најдобар македонски ракометар Кире Лазаров зборуваше на шпански јазик за официјалната веб страна на каталонскиот клуб Барселона. Македонецот зборуваше за неговиот нов предизвик и почетниот ден во како што самиот тој вели големата институција Барселона.
Јас сум Кирил Лазаров - новиот играч на Барселона. Сакам да ви ги објаснам моите први денови во новиот клуб. Денес беше првиот ден, задоволен сум. Беше поинаков ден за мене, направивме многу работи и на крај можам да кажам дека ова е ново искуство во мојата кариера, во мојот живот. Се уште е рано, имам многу желба, но како ќе минат деновите искуството ми вели, ќе бидеме како во секои подготовки, се поуморни и поуморни. Сеуште ми доаѓа насмевка, но од утре нема да биде така. Но тоа е наша задача, ние сме професионалци и знаеме што треба да правиме, рече нашиот капитен.
Лазаров не заборави да се заблагодари на сите оние кои го поддржаа особено на сиоиграчите и порача дека со многу труд ќе се обиде да направи добри работи сезонава.