„Механизми во борба против говорот на омраза на интернет“

 

Центарот за интеркултурен дијалог од Куманово и Националниот Комитет за кампањата против говор на омраза на интернет, чиј координатор е Агенцијата за млади и спорт, организираат панел дискусија за „Механизми во борба против говорот на омраза на интернет“, која ќе се одржи денеска во Скопје.

На панелот ќе биде презентирана Националната кампања против говор на омраза на интернет, како и глобалната кампања на Советот на Европа, а ќе се обратат домашни и странски експерти кои ќе претстават алатки, добри пракси и политики на темата говор на омраза и интернет активизам.

Целта на панелот е да ги собере интернет активистите и оние што работат со младите луѓе и да ги информира за активностите на Националниот комитет и европските процеси во борба против говор на омраза на интернет.

Со настанот, кој е поддржан од Агенцијата за млади и спорт, ќе бидат финиширани активностите кои беа дел од проектот „Log In for Social Inclusion, Log in for social rights”, кои се одвиваа во Куманово, Маврово, Струга и Скопје, а на кои присуствуваа околу 60 учесници од Европа.

најчитано сега