Вардар го згази Ѓорче Петров
Фудбалерите на шампионот Вардар на стартот од новото првенство постигнаа убедлива победа од 4:1 против повратникот во Првата лига, екипата на Македонија Ѓорче Петров.
Најдобар играч на синоќешниот последен натпревар од првото коло беше најдобриот стрелец од ланското првенство Јован Костовски, кој постигна хет - трик.
На другите дуели беа постигнати следниве резултати:
Металург - Работнички 0:0,
Гостивар - Брегалница 0:1,
Напредок - Ренова 1:1,
Пелистер - Еуромилк 1:0 и
Шкендија – Хоризонт Турново 0:3.
ФОТО: fkvardar.mk