Патниците во автобусот кој излета од патот пред Будимпешта мислеле дека сонуваат
Во автобусот на агенцијата „Тото“ имало 28 патници и тројца возачи, од кои повеќето Македонци, а кратко време по несреќата близу Будимпешта патниците се организирале и почнале меѓусебе да си помагаат, пишува „Дневник“.
Патниците во македонскиот автобус, кои на пат за Прага во петокот околу 1 часот по полноќ преживеаја тешка несреќа кај Унгарија спиеле пред возилото да слета во канал на 50 километри пред Будимпешта. Некои од нив мислеле дека сонуваат, но извиците на повредените и паниката ги вратиле во реалноста.
Имено, македонскиот амбасадор во Будимпешта, Дарко Ангелов, кој вчера ги посети и лично зборуваше со патниците, вели дека нивната солидарност им го спасила животот на многумина.
„Среќа во несреќа е што во таква стравична несреќа никој не загинал. Тројцата кои првично, неколку часа по несреќата, беа во критична состојба сега се стабилни. Потребно е да им се извршат неколку интервенции по што се надеваме дека тие ќе бидат во добра здравствена состојба“, рекол Ангелов за „Дневник“.
Инаку, вчера несреќата се случи кај Унгарија кога автобус полн со македонски државјани излетал од патот при што 28 лица беа повредени.