Утврден идентитетот на жртвите во сообраќајката пред Охрид

 

29 годишниот Дарко А. од Прилеп е момчето кое загина во тешката сообраќајна несреќа која вечерва пред 20 часот се случи на патот Кичево - Охрид кај селото Ботун, дознава Press24 од полициски извори. Тој управувал со возилото марка Пежо со прилепски регистерски таблички. Покрај него, во сообраќајката починало уште едно женско лице, споатничка во Пежото чиј идентитет се уште не е утврден. Со тешки телесни повреди се здобила 30 годишната тетовчанка Мирјана Ц која исто така се возела во Пежото. 
Со полесни повреди во сообраќајката поминале 55 годишниот Неџбедин М. од Кичево кој управувал со џипот со американски таблички и неговата сопатничка 50 годишната Еда М. исто така од Кичево

04.08.2013 - 22:56

најчитано сега