Пекарски компир во најубава подготовка - нема да одолеете
Печени, пржени, варени или со месо, полнети или како додаток…вкусот на компирите е секогаш одличен. Овој пат ви нудиме школки од компири кои имаат супер изглед и вкус.
СОСТОЈКИ:
- 1 кг компири
- 50 гр путер
- 100 гр сирење
- 2 домати
- 100 гр шунка Пекабеско
- зачини
ПОДГОТОВКА:
- Компирот се лупи, се сече на тенки парчиња со облик на школка, но не до крај за да го полните.
- Шунката се сече заедно со доматите на кругови.
- Во секој ред ставете од шунката и доматите, па изрендајте сирење.
- Ставете ги компирите на тава премачкана со путер и печете 40 степени во рерна загреана на 180 степени.
- СОВЕТ: Декорирајте ја чинијата со сенф, кечап и мајонез.
На здравје!
13.10.2016 - 16:10
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа