„Мерцедес“ „Форд Ескорд“ и мотор се искршија кај Кичево - загина 43 годишен кичевчанец
Вчера попладне околу 17:25 часот, се случила стравична сообраќајна незгода на патот Гостивар - Кичево. Во несреќата загина 43 годишен кичевчанец.
Според информациите од полицијата, несреќата се случила на магистралниот пат Гостивар - Кичево, кај селото Зајас, кога се судриле моторцикл „Јамаха“ управуван од 43 годишниот кичевчанец Шабан Ц., автомобил „Форд Ескорд“ управуван од 50 годишшниот К.И. и „Мерцедес“ со скопски регистерски таблички, зад чиј волан бил 32 годишниот Скопјанец А.Ш.
Шабан Ц. починал на лице место. Надлежните екипи извршиле увид на местото на несреќата.