Средба Груевски-Буду: Потврдени пријателските односи меѓу Македонија и Аргентина

 

Синоќа македонскиот премиер Никола Груевски во Буенос Аирес оствари средба со  потпретседателот на Аргентинската Република, Амадо Буду на која биле потврдени пријателските односи помеѓу двете земји.

Соговорниците истакнаа дека политичките фактори од двете земји треба да влијаат на воспоставување конкретни економски односи со кои би се влијаело на интензивирање на економската соработка, трговската размена и соработката помеѓу компаниите.

Премиерот Груевски истакна дека Аргентина е пријателска земја која нуди добри перспективи за соработка и потенцираше дека нашата земја посветено ќе работи на унапредување на односите во секоја сфера. Тој афирмираше дека преку економската соработка може да се реализираат цели од интерес за сите граѓани. Ги претстави и поволностите кои се овозможуваат за странските инвеститори кои би можеле да бидат искористени од страна на аргентинските мултинационални компании во ширење на своето производство на светските пазари.

Потпретседателот Буду ја поздрави нашата иницијатива за развој на меѓусебните односи чиј што резултат е посетата на владината делегација, истакнувајќи дека Аргентина целосно се согласува со поизразен активизам на овој план за што истакна и иден свој личен ангажман. 

најчитано сега