„Камен“ пијан земал копач и тргнал да осакати штипјанец
Вчера вечерта во 22 часот, пред локалната продавница во селото Аргулица- општина Карбинци, 31 годишниот Т.И. направил вистински хаос.
Според информациите од МВР, Т.И. од селото Аргулица, се опијанил и почнал да се расправа и да ги навредува штипјаните А. М. (34) и Т.В. (33) Штип, кои, како и другите присутни, го замолиле да си замине. По десетина минути Т.И. се вратил, со копач во раката и замавнал кон А.М. , кој за да се одбрани од нападот, подигнал и го блокирал ударот со столица, по што и двајцата паднале на земја.
Полициски службеници од Штип веднаш излегле на лице место. Т.И. бил приведен и во полициската станица му биле утврдени 2,60 промили алкохол во крвта. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава.