Го зголемил пенисот па си го уништил бракот
Беше тоа на Денот на благодарноста, седевме на креветот по добриот оброк и уживавме. Бев среќна, возбудена и исплашена, како што секој се чувствува кога почнува да се заљубува. Бев среќна што конечно најдов паметен и креативен маж со кој можев да ја замислам иднината. Затоа и му дадов искрен одговор.
И сама претпоставува дека имал помалку партнерки од мене. Тој речиси цела младост ја поминал во моногамна врска, а јас одев од цвет на цвет. Мислев дека тоа е само неважен број, последица на тоа што во тој период сме биле во различни фази од животот. Меѓутоа тој сметаше дека мојата бројка е преголема.
Еден ден пред нашата венчавка ме натера да се изјаснам колкав е неговиот пенис во споредба со моите бивши и направив кобна грешка. Му ја кажав вистината-дека е меѓу помалите. Му кажав дека тоа не е важно и дека уживам во сексот со него. Неколку дена по венчавката ми кажа дека планира да оди на операција за зголемување на пенисот.
Не вредеше што му зборував дека тоа е глупава идеја, дека пенисот му е со задоволувачка големина и дека имам физичко пореметување поради кои често сум со болку, па дури и сексот ми е болен, што значи дека поголем пенис само би штетел на нашиот однос. Тој сепак реши да замине во клиника во Мексико и дека тоа е неговата конечна одлука.
Знаеше дека не учествувам во разговорите на другарките за пенисите на нивните мажи и момчиња (тајно ми ги прегледуваше пораки и мејловите). Тоа не е сè – истовремено постојано ми зборуваше дека друштвото му се потсмева бидејќи секој од нив познавал некој со кој сум спиела. Ми зборуваше дека сигурно имам некои психички проблеми и успеа да најде податоци за просечниот број на партнери кои ги имаат жените во Америка. Суштински сакаше да ме убеди дека сум со лесен морал.
Отиде во Мексико и се врати со огромен завој. Пенисот му беше толку многу отечен и не ми дозволуваше да видам. Му вбризгале некоја течност поради која „гордоста“ навистина му беше поголема, и во опуштена состојба и во ерекција. Но, тој раствор се згрутчуваше и насекаде имаше нерамнини. После тоа, тој третман треба да се повтори повеќе пати за да биде делотворен на долги патеки, а тоа чини илјадници долари.
Отиде уште два пати во Мексико и оттаму се враќаше посрамотен и одбивајќи ја мојата помош. Наоѓав крвави гази насекаде по куќата. Никогаш не сакаше да ми го каже името на клиниката, ниту каков е тој раствор. На крајот може да се каже дека операцијата беше успешна – имаше поголем пенис, а со тоа успеа да го уништи нашиот брак.
Мојата болест се повеќе ме спречуваше да уживам во сексот, особено откако пенисот му стана поголем. Постојано одев на гинеколог, а тој постојано се жалеше поради недостиг на секс. На крајот тој спиеше на каучот за да го изрази својот протест.
Повеќе пати се обидов да го оставам, но ми се закануваше со самоубиство. Покрај тоа, стана и насилен кон мене. Често ми викаше, за време на последната кавга која ја имавме како брачен пар ми ја стави раката преку уста за да ги пригуши моите повици за помош. Во еден момент сфатив дека ќе ме претепа, но повеќе од тоа ме исплаши фактот што тоа подсвесно сум го очекувала.
Набрзо побарав развод и се опоравив од бракот со брзина на светлината. Никогаш полесно не сум преболела разделба. Конечно почувствувам дека сум среќна после долги години
26.09.2016 - 23:34
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа