"Дај ни пари и брат ти ќе излезе од затвор" - измамен кумановчанец остана без 13.000 евра

 

Двајца итри кумановчани си заработија кривична пријава за измама.

Се работи за 46-годишниот М.П. и една година помладиот Р.Б. кои во ресторан во Скопје од сограѓанин зеле 13.000 евра, ветувајќи му дека ќе му помогнат неговиот брат да излезе од притвор.

Откако тоа не се случило кумановчанецот сфатил дека е измамен.

најчитано сега