Уште една црква мета на крадци - „Свети Никола“ во Маврово остана без икони и пари
Изминатите неколку денови во селото Беличица во Маврово, засега непознат сторител со употреба на погоден предмет извршил тешка кражба во црквата „Свети Никола“.
Крадецот одзел 17 икони и 400 денари .
Се преземаат мерки за откривање на арамијата.