Струмичанка умрела од струен удар додека молзела крави
46 годишната струмичанка Нада Коцева починала додека молзела крави во шталата во семејниот дом со село Попчево.
Според првичните информации, жената починала од струен удар додека работела со машина за молзење крави.
Полициските екипи извршиле увид на местото на несреќата. Телото на жената е предадено на семејството.