Црквата „Свети Никола“ во Беличица остана без икони и без пари

 

Денеовиве се случила тешка кражба на икони и пари во црквата „Св.Никола“ во селото Беличица, информираат од тетовската полиција.

Според полицијата, случајот го пријавиле жители на Беличица, кои забележале дека бил скршен катанецот на влезната врата по што повикале полиција.

Според првичните информации од олтарот недостасуваат дваесетина парчиња дрвени икони. Во пленот на крадците имало и помала количина пари, кои верниците ги донирале.

Екипа од СВР Тетово, врши увид на местото и утврдува што недостасува и поединости околу последната, од серијата кражби во верски објекти на поширокиот гостиварски регион.

Од почетокот на годинава, мета на крадците беа и црквите во селата по долината на Радика. Во Тресноче од црквата „Св. Петар и Павле“, беа украдени 29 стари и вредни икони, а од црквата „Св. Ѓорѓија“ во Лазарополе беа украдени 34 икони. 

најчитано сега