Експлодираше батерија и го крена во воздух фото-студиото „Дрита“
Пламени јазици голтнаа дел од фото-студиото „Дрита“, објавува Кумановоњус. Според порталот, пожарот избувнал утрово и најверојатно го предизвикала експлозија на батерија од камера.
- До 6.30 часот јас бев во дуќанот. Пожарот сигурно се случил околу 7 часот. Ние заради празникот доаѓаме на работа во 9 часот и повикавме пожарна. Дојдоа со две возила и го гасеа огнот два часа. Има изгорени 8 камери, полначи, батерии, во студиото сета опрема подготвена за пет закажани свадби е уништена, вели сопственикот на „Дрита“, Абиљ Адеми, пренесува Кумановоњус.
Сеуште не е пресметана вкупната штета која ја предизвикале пламените јазици.