Сакала на преглед а не сакала да троши пари - прочитајте што направила итра скопјанка

 

20 годишната девојка од Скопје се обидела да се лекува со здравствената книшка на нејзина роднина.

Од полицијата информираат дека С.Д., во април годинава отишла во кумановскиот Медицински центар и сакајќи да ги избегне трошоците за лекарски преглед и терапија, приложила здравствена книшка на нејзина роднина која била осигуреник на Фондот за здравство.

Против неа е поднесена кривична пријава за „злоупотреба на лични податоци“.

најчитано сега