Младо момче силувало 50-годишна радовишанка
23 годишниот радовишанец Џ.Д. заработи кривична пријава откако вечерта на 24-ти месецов силувал своја сограѓанка.
Според информациите од МВР, Џ.Д. ја сретнал својата 50-годишна сограѓанка на улица во Радовиш и употребувајќи физичка сила, ја совладал и безмилосно ја силувал.
Тој заработи кривична пријава за „силување“ и 30-дневен притвор.