Се реализираат проектите кои граѓаните ги побараа од Груевски при теренските посети

Нов водовод за 6 села во Македонски Брод, санација на мостови и чистење на каналската мрежа во крушевско, нови спортски сали во Долнени беа меѓудругото точките разгледувани на вчерашниот тематски стостанок на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски со ресорните министри и градоначалници на кој се разгледуваа барањата на граѓаните од посетите на терен.

Освен во Валандово, и во Долнени и во Јосифово наредната година ќе почне градба на училишна спортска сала.

Договорена е конзервација и реставрирање на мостот во Бучин кој преставува остаток од римскиот период и преставува значајно културно блато.

Министерката за култура Елизабета Канчевска најави целосна реставрација на мостот и со тоа ќе се оствари долгогодишното барање за негова заштита.

За чистење на каналите во крушевското село Бучин ќе се додели нафта, а чистењето ќе се одвива во наредниот период, со што ќе се острани заканата за преплавување на постоечката каналска мрежа.

 

 

 

 

 
 
02.09.2016 - 15:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега