До крајот на неделата не очекува вистинско невреме

Од вторник па се до крајот на наредната недела, подрачјето на Македонија ќе биде под влијание на влажни бранови од Медитеранот од кои се очекува да наврнат поголеми количини на воден талог. На повеќе места и повремено процесите ќе бидат поинтензивни и во форма на невреме, проследени со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Поради зголемената облачност и присуството на зголемена влажност во воздухот ќе има значително намалување на температурата.

Препорака: Во случај на појава на електрични празнења се препорачува поголема внимателност, и да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја.

Да се превземат соодветни активности за заштита од поплави.

 
 
02.09.2016 - 14:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега