Девојка од Македонија трагично загина во Швајцарија - нејзиниот „Голф“ се забил во дрво
Вчера, во близина на Сент Гален, Швајцарија, се случила сообраќајна незгода во која загинала млада девојка која е родена во кумановско Лојане а времено живее во Сент Гален, пишуваат швајцарските медиуми, пренесува Плусинфо.
Според досегашните информации, поради неприлагодена брзина на условите на патот, „Голфот“, зад чиј волан била девојката се забил во дрво. Девојката починала на пат кон болница.