Пристигна помошта од Чешка - деноноќно се работи во поплавените подрачја

Чешка материјална помош наменета за ублажување на последиците од катастрофалните поплави ќе биде предадена денеска во објектот на касарната „Гоце Делчев“ во Скопје.

Членови на Противпожарната спасувачка бригада на Република Чешка на директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Шабан Салиу ќе му предадат 48 пумпи со вкупен капацитет/проток од повеќе од 2 милиони литри вода/кал за еден час и 8 агрегати за електрична енергија во вредност од над 44.000 евра.

На примопредавањето на помошта најавено е присуство и на амбасадорот на Република Чешка, Мирослав Рамеш.

Oд Дирекцијата за заштита и спасување информираат дека се очекува да пристигнат и донации од Унгарија, Австрија и Словачка. Со овие донации се зголемува бројот на држави кој донираат помош за поплавените региони во Македонија преку Механизмот за цивилна заштита на Европската унија, чија членка е и Република Македонија преку Дирекцијата за заштита и спасување. 

 
 
13.08.2016 - 10:10
Фото: 
МИА

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега