Повик за невработени кои ќе пружаат грижа за стари лица од кривопаланечко

Старите и изнемоштени лица од руралните средини во Крива Паланка ќе добиваат основни медицински услуги и нега во рамки на проектот „Општинско корисна работа“ кој ќе го имплементира локалната самоуправа на општината.

Проектот е финансисран со средтсва од  Програмата за развој на Обединетите Нации (УНДП) и од буџетот на општината.
 
 
-Во овој  проект се вклучени и Министерството за труд и социјална политика, Агенцијата за вработување и општинскиот Црвен крст. Во моментот во тек е оглас за ангажирање медицински лица, фармацевти, негуватели и социјални работници кои ќе ги пружаат услугите од проектот, посета на 80 стари и изнемоштени лица од општината и грижа за нив во однос на психо-физичката, здравствена состојба, изјави градоначалникот на Крива Паланка, Арсенчо Алексовски.
 
Паралелно, истакна, во тек е и повик до сите заинтересирани потенцијални корисници.
 
 
– Сите кои имаат потреба од вакви услуги ги охрабрувам да се пријават, по што комисија од општината, АВРМ и МТСП ќе ги селектира крајните корисници на проектот. Предвидено е услугите да ги пружаат тимови од две лица кои ќе посетуваат одреден реон од селата во околината на градот. На корисниците ќе им бидат измерени шеќер во крв, притисок и ќе им бидат завршени основни потреби во домот, додаде Алексовски.
 
Според него најважен е социјалниот момент со кој овие лица нема да се чувствуваат отфрлени, осамени и заборавени.
 
 
-Упатувам повик до сите евидентирани невработени лица да се пријават на огласот кој е во тек, во АВРМ. Лицата кои ќе бидат ангажирани ќе добиваат месечен надомест од 6400 денари нето, нагласи Алексовски.
 
 
Проектот ќе започне да се имплементира од 1 септември 2016,  а предвидено е да трае до 17 март следната година.

 

 
 
11.08.2016 - 14:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега