Цветков: Отштета за сите поплавени земјоделски површини

Сите земјоделски површини без разлика дали се евидентирани во нашиот регистар или не ќе бидат обештени. Ние како Влада и Министерство за земјоделие  за се она што им е направено како штета со оваа катастрофа ќе бидат обештени, изјави денеска  министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Михаил Цветков.

Министерот Цветков денеска изврши увид во работењето на комисиите формирани за проценка  на штетите од невремето во село Стајковци.

- Имајќи го искуството со поплавите кои беа во 2015 година  ние направивме измени на Законот со кој се овозможува да бидат обештени сите земјоделски површини. Комисиите за проценка се на терен и работат со полн капацитет. Некаде за дваесет дена оваа работа треба да биде завршена, изјави Цветков.

Потсети дека како комисиите ќе ги обработуваат податоците тие ќе бидат дадени на Влада и истите ќе бидат исплатени од платежна агенција.

 
 
11.08.2016 - 12:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега