Крвав инцидент во затворот во Штип

Во 12 часот и 35 минути во Полицијата во Штип,  Командир на смена во Затворот пријавил физички напад над С.М. од Скопје од страна на повеќе осуденици. На претепаниот затвореник насилниците му нанеле видливи повреди. Полициски службеници излегле местото на настанот  и констатирале дека  по претходна  расправија помеѓу лицата С.М. и Б.И. од Кочани, С.М. физички го нападнал Б.И. Истиот им се пожалил  на  Т.П. од Свети  Николе и С.Г. од Скопје, кои го нападнале удирајќи го со тупаници  и клоци во пределот на главата и телото, при што му нанеле видливи повреди, контузија на нос и носна коска.

С.М. бил пренесен во Клиничка болница Штип, заради санирање на повредите.

Извршен бил увид на местото на настанот. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.  

 
 
05.08.2016 - 13:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега