Откриен идентитетот на момчето кое почина на плажа во Охрид

Осумнаесет годишниот Марко Д. од Гостивар е момчето кое вчера почина на плажа во Градиште, настан кој ја потресе јавноста.

Од полицијата информираат дека во охридската болница било донесено починато лице околу 20:40 часот. Момчето седело на брегот на Охридското езеро во автокампот Градиште кога одеднаш му се слошило, се грчел и гушел по што починал.

Полицијата извршила увид, а по наредба на Јавен обвинител телото е предадено на обдукција.

Нека почива во мир! 

 
 
05.08.2016 - 09:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега