Страшен пожар во Кавадарци ги потресе граѓаните

Пожар избувна дoцна попладнево на висорамнината Витачево, Кавадаречко.

Како што соопшти Петко Ристовски од Подружницата на ЈП „Македонски шуми", горат трева и нискостеблеста шума, а пожарот се проширува од месноста Моклиште кон Витачево.

- Засега не може да се каже колкава површина е зафатена и колкави се штетите. На терен се моментно осум дежурни од подружницата „Бор" и четворица пожарникари од Територијалната противпожарна единица од Кавадарци, информира Ристовски. 

 
 
04.08.2016 - 18:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега